Повреден мотоциклист во Охрид

На 25.09.2018 година на крстосницата од улиците „Нада Филева“ и „Аргир Маринчев“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Јамаха“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц.(59) од Охрид и мотоцикл „Кивеј“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Љ.Ј.(28) од Охрид.

Во незгодата, возачот на мотоциклот „Кивеј“-Љ.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил задржан во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото извршила екипа од СВР-Охрид.