20/04/2024
Охрид

Повреден параглајдерист на плажата во Љубаништа

На 30.07.2019 во 15:34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист. Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15:20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка „Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.