18/04/2024
Струга

Повреден пешак во сообраќајка на патот Охрид – Струга

На 02.02.2020 во 16.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга, кај место викано „Оровничка плажа“, патничко возило „фиат брава“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(32) од с.Лабуништа, струшко, удрило во пешакот Ј.Т.(33) од с.Волково, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.