25/04/2024
Охрид

Повреден работник кој паднал при градежни активности во Лагадин

На 02 март оваа година, околу 16 часот и 50 минути, во полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“ било пријавено дека кај нив бил донесен П.М.(56) од Охрид. Тој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин-Охрид.

Поради сериозноста на повредите, П.М бил пренесен во Клинички центар -Скопје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, известен е Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.