20/04/2024
Охрид

Повреден велосипедист на крстосницата од бул.„Туристичка“ и ул.„Јане Сандански“

На 24.02.2020 во 10:00 часот било пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Јане Сандански“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.С.(58), товарно моторно возило „пежо партнер“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(66) и велосипед управуван од Т.П.(71), сите од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од СВР Охрид.