18/04/2024
Охрид

Повреден велосипедист на патот Струга-Охрид после болницата „Свети Еразмо“

На 11.07.2020 во 18:25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид, после болницата „Свети Еразмо“, патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.И.(43) од Охрид, удрило во велосипед „полар“, управуван од Ж.С.(42), од с.Радожда, струшко.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.