Повреден велосипедист во сообраќајка на крстосницата од ул. „Мaкедонски просветители“ и „7 Ноември“

На 07.11.2019 во 17.20 часот на крстосница од улиците „Мaкедонски просветители“ и „7 Ноември“ во Охрид  се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од И.К.(35) од Струга и велосипед, управуван од С.Т.(51), од с.Пустец – Р.Албанија.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. На местото на настанот, увид изврши екипа од СВР Охрид.