28/03/2024
Струга

Повреден возач кој излетал од патот Лабуништа – Боровец

На 20.07.2020 година во 05:50 часот, на регионалниот пат помеѓу струшките села Лабуништа и Боровец, случена е сообраќајна незгода во која, патнички автомобил „Шкода“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.О.(25) од Хановер, излетал од патот.

Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид изврши увидна екипа од ОВР Струга.