23/04/2024
Охрид

Повреден жител од Трпејца во сообраќајка кај Хидробиолошки завод

Рано утрово, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, го пронајде А.З. (49) од Пештани кој синоќа, како учесник во сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај Хидробиолошки завод, со своето возило „Алфа Ромео“, го напуштил местото на настанот. Тој, по незгодата заминал, а потоа го оставил автомобилот на локалниот пат кај комплексот „Инекс-Горица“ и избегал. Во сообраќајната незгода, случена на регионалниот пат во 22 часот и 25 минути, со телесни повреди се здобил Н.Р. (35) од охридското село Трпејца, кој по укажаната лекарска помош во Специјалната болница „Св.Еразмо“, е пуштен на домашно лекување. Сообраќајната незгода е случена во момент кога Н.Р. по десната коловозна лента од регионалниот пат, управувал возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски таблици и на критичното место со предниот лев бочен дел се судрил со предниот десен бочен дел од возилото „Алфа Ромео“ кое се движело по левата сообраќајна лента во ист правец. Од силината на ударот, Н.Р.- возач на возилото „Мерцедес“, изгубил контрола по што, возилото излетало на десната страна надвор од патот и со предниот десен дел, најнапред удрило во електричен столб а потоа и во и дрвен столб и во метална ограда. По незгодата, возачот А.З. не застанал туку веднаш го напуштил местото на настанот, го паркирал своето возило во комплексот „Инекс-Горица“ и избегал. На пронајдениот автомобил, полициските службеници забележале соодветни оштетувања.

По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид извршија полициски екипи а двете возила, привремено се одземени за вештачење.