19/04/2024
Охрид

Повредена велосипедистка на патот од с.Трпејца до с.Стење

На 25.09.2019 во 13.00 часот на патот од с.Трпејца до с.Стење, охридско, велосипедистката В.У.Е.(48) од Република Полска изгубила контрола и паднала на коловозот. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.