Повредена жена пешак на булевар „Туристичка“ во Охрид

На 30.05.2020 во 19.30 часот на булеварот .„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од П.М.(21) од селото Радолишта, струшко, удрило во пешакот  В.П.(70) од Охрид.

Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.