29/03/2024
Охрид

Повредени две лица во сообраќајна незгода кај Лагадин

На 30.11.2019 година во 13:10 часот, на регионалниот пат пат Охрид – „Св.Наум“ кај населбата „Лагадин“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките автомобили со охридски регистарски ознаки „Спарк“ управуван од Е.Т.(27) од Пештани и „Сеат Ибица“ управуван од А.З.(24) од Охрид.

Притоа, со телесни повреди се здобиле возачот на второто возило како и малолетник, сопатник во првото возило. Двајцата се пренесени во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.