24/04/2024
Охрид

Повредени три лица во сообраќајка на патот Кичево – Охрид

На 01.12.2018 година во 11:25 чaсот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај село Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(77) од Република Албанија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(46) од Република Албанија.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила К.П.(66) од Република Албанија, сопатничка во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила. Тие биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.