29/03/2024
ОхридСтруга

Повредено едно лице во тешка сообраќајка кај струшко

На 14.03.2019 година во 14,30 часот било пријавено дека во Струга на крстосницата од регионалниот пат М.Мост-с.Мислодежда и локалниот пат за с.Ливада, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо“ со охридски регистерски таблици, управувано од Н.В.(56) од с.Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “Мерцедес“ со охридски регистерски таблици, управувано од Л.С.(80) од с.Ливада-струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Л.С., констатирани од страна на лекар од болницата „Свети Еразмо“-Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.