29/03/2024
Македонија

Повторен Конкурс за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу РМ и Р. Австрија

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија’ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15 и 154/15), Правилникот за начинот и постапката и поблиските критериуми за финансирање на научно – истражувачки проекти односно програми  („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 82/09, 149/09,25/11 и 129/13), Министерството за образование и наука на Република Македонија, повторно распишува:

КОНКУРС
за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на  билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Австрија за периодот 2018 – 2020 година

Министерството за образование и наука на Република Македонија, од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог – проекти по Конкурсот за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Австрија кои ќе се финансираат во периодот 2018-2020 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и  научно подрачје на истражување.

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:

–    Природни науки (математика, хемија, биологија, физика),
–    Електро – технички науки, инженерство и технологија, земјотресно инженерство,
–    Компјутерски науки и информатика, 
–    Општествени и хуманистички науки (право, политички науки,  социологија, англистика, лингвистика) 
–    Медицински науки, ветерина и биотехнологија.

При изборот на рецензентите предност ќе имаат истражувачите со научно и наставно-научно звање кои ги исполнуваат следниве критериуми:

– компетентност на рецензентот, 
– рецензентот да има објавено научни трудови во
 меѓународни списанија, 
– да e главен истражувач или да е учесник во најмалку еден
 национален  проект, 
–  да е главен истражувач или да е учесник во најмалку еден
 меѓународен проект,

Избраните рецензенти ќе ги оценуваат пријавените билатерални проекти врз основа на следниве критериуми:

– придонес во продлабочувањето и проширувањето на
 научните знаења;
– оригиналноста на целите и содржината на истражувањето;
– компетентност на главниот истражувач;
– компетентност и оригиналност на истражувачкиот тим;
– придонесот во оспособувањето на млади истражувачи;
– релевантноста на проектот на целите на истражувањето;
– конкурентноста за меѓународна соработка;
– остварливоста на предлог проектот (финансиска
 конструкција), можности за примена на резултатите.

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент, уредно пополнета заедно со список на објавени научни трудови и  учество на конгреси и симпозиуми, се доставува во Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 28.02.2018 година.

Некомплетни или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

За преземање:

Пријава за рецензент