19/04/2024
Охрид

Повторно уништена урбана опрема

Вандалски чин повторно резултираше со откорнати корпи за отпадоци во градскиот парк и во близина на плоштадот Крушевска Република.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ неодамна издвои средства за набавка на нови садови за депонирање на ситен отпад со современ дизајн, а веќе истите почнаа да се уништуваат. Оштетена е корпа во близина на плоштадот Крушевска Република која насилно е откорната од своето лежиште.

…и друга корпа пред споменикот „Св.Кирил и Методиј“.

Во изминатиов период во повеќе наврати се оштетени корпи, клупи и украдени се или оштетени садници. И овој пат ЈП „Охридски Комуналец“ апелира за поцивилизиран однос и совесно однесување кон урбаната опрема.