Пожар на плац на ул. „Даме Груев“ во Охрид

На 09.03.2019 година, во 09:25 часот, на плац на улицата „Даме Груев“ во Охрид, сопственост на К.Џ. (72) од Охрид, избувнал пожар во кој изгореле две ореови дрвја.

Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица од Охрид и спречено е негово натамошно ширење. На опожареното место, извршен е увид.