25/04/2024
Охрид

Пожар во близина на ул. „Гоце Делчев“ во Охрид

На 29 март оваа година околу 10 часот, во полициската станица Охрид, М.Х.(55) од Охрид, пријави пожар на нива во близина на улицата „Гоце Делчев“. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот го предизвикал А.И.(35) од Охрид, кој, извршувајќи земјоделски работи на нивата, фрлил отпушок од цигара. Притоа, опожарени биле неколку соседни ниви и две куќи сопственост на лица кои се на привремена работа во странство. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.