Пожар во куќа во Годивје

На десетти април оваа година околу 03 часот во СВР Охрид било пријавено дека во куќа во селото Годивје, општина Дебрца, избувнал пожар, при што изгорела кровната конструкција како и дел од покуќнината.

Пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.