19/04/2024
Охрид

Пожар во куќа во Охрид, повредено 25 годишно момче

На 05.07.2020 во 12.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Охрид на ул.„Крали Марко“, во куќа сопственост на Љ.Д.(59) настанал пожар. Во пожарот со повреди се здобил нејзиниот син Љ.Д.(25) и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Од страна на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.