19/04/2024
Охрид

Пожар во стан во Охрид, две лица се здобија со изгореници

На 16.06.2019 година околу 13 часот, во стан на шести спрат од зграда на улицата „Партизанска“ во Охрид сопственост на Ј.Л.(54), случен е пожар кој се проширил во помошна просторија и во лифтот.

Притоа, со изгореници по телото се здобил сопственикот како и С.Ј. (41) Охрид. Тие се пренесени во Општата болница за укажување на лекарска помош.