16/04/2024
Струга

Пожар во викенд куќа во Вевчани

На осумнаесетти март оваа година, во 13 часот и 30 минути, во полициската станица Струга, било пријавено дека има пожар во викенд куќа на место викано „Каланои куќи“ во село Вевчани, сопственост на Ј.Д и Б.Д.. Пожарот настанал на дива депонија, по што се проширил.

Во 15 часот и 10 минути пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга.