18/04/2024
Охрид

Позната програмата за „Прличеви Беседи“ 2018

Во понеделник, 5ти февруари,  започнуваат чествувањата за Прличеви беседи 2018. Во изложебниот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, во 12:45 часот ќе биде отворена изложба на ликовни дела од македонски ликовни уметници. Во 13:00 часот ќе се одржи свеченост посветена на лауреатот награда „Григор Прличев“.

Потоа ќе следи музичка изведба од ОМУ „Методи Патче“ – Општина Охрид, Стефан Петрески – гитара, Пиеса – Тарега, Професор: Александар Крстаноски, Христијана Матеска – хармоника, Танцот на куклите – Колесов, Професор Наумче Џуклески. На настанот свое обраќање ќе има директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид, Стрезо Стаматоски, како и свое обраќање ќе има и претставник од Општина Охрид.

Во рамки на програмата ќе биде претставена аградената поема за 2017 година „Клучевите” (обраќање на претседателката на жири комисијата ). Артистичка изведба на поемата „Клучевите“, актери: Адријана Тодороска и Павел Маслов.

На крајот од програмата ќе следи врачување на Повелбата за најдобра поема за 2017 година, а ќе има и свечено обраќање на лауреатот доц. Д-р Гордана Стојаноска.