29/03/2024
Спорт

Познати полуфиналистите на турнирот во Баскет 3×3

Традиционалниот турнир во Баскет 3×3 кој го организира ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Општина Охрид, а по повод 7-ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид влегува во самата завршница. Вчерашното седмо коло и четвртфиналните натпревари ги определија тимовите кои ќе ги одмерат силите на двете полуфинални средби.

Во првото полуфинале ќе играат екипите на Ликвид и НОА додека во второто екипите на Дента Медика и Алпојо.

Натпреварите ќе се играат во среда (06.11.) со почеток од 20 часот. После завршување на полуфиналните натпревари ќе се игра и самата завршница по која ќе ги добиеме овогодинешните првопласирани три екипи на второто издание од Баскет турнирот 3×3.

ЈП „Билјанини Извори“ ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од супер спортската среда која започнува со ракометниот суперлигашки натпревар помеѓу РК Охрид и Металург 2 во 18 часот и продложува со супер интересната завршница од турнирот во Баскет 3×3.