29/03/2024
Охрид

Познатиот голман Ивица Краљ во посета на Општина Охрид

Во посета на Охрид денес е познатиот некогашен српски репрезентативен голман на ФК „Партизан “, Ивица Краљ.

Тој заедно со претставници од локалната самоуправа на Шабац, оствари работна средба со градоначалникот на општина Охрид, д-р Јован Стојаноски.

На средбата меѓу другото се разговараше за можноста фудбалски екипи од Р. Србија да имаат подготовки за натпревари во Охрид како и да се организираат тренинг кампови. На состанокот се разгледуваа и можностите за идна економска соработка меѓу двете општини, Охрид и Шабац.

Некогашниот репрезентативен голман, Краљ кој е актуелен претседател на ФК „Мачва“ од Шабац, попладнево со претставници од општина Охрид ги разгледува спортските капацитети на градов.