28/03/2024
Македонија

Правата на потрошувачите при користење телекомуникациски услуги

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година изработи брошура со назив: Правата на потрошувачите при користење на телекомуникациски услуги.

Оваа брошура нуди совети за потрошувачите поврзани со основните прашања при користење на телекомуникациските услуги. Денес потрошувачите сè повеќе ги користат телекомуникациските услуги кои вклучуваат услуги на мобилна, фиксна телефонија, интернет и др. За тие да можат безгрижно да продолжат да ги користат овие услуги, се препорачува да се водат по овие совети, кои им помагаат на потрошувачите да се запознаат со своите права во овој домен.