28/03/2024
Охрид

Празникот Св.Козма и Дамјан одбележан во село Речица

По повод денешниот верски празник посветен на Светите Бесребреници Козма и Дамјан, во истоимената црква во селото Речица се одржа Црковно народен собир, на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.

Градоначалникот Стојаноски заедно со бројните верници, мештани, охриѓани и гости, се помоли за здравје, а присуствуваше и на празничниот црковен ручек.

Присуството на овој црковно народен собир е на покана на црковниот одбор и кумовите кои на градоначалникот Стојаноски му посакаа добро здравје и успешен градоначалнички мандат.