17/04/2024
Охрид

Предавање на д-р Трифче Сандев на тема: „Шест степени одвоеност: Мит или светот е навистина мал“

 Научната иуметничка визита – Охрид 2019, продолжува вечерва, од во 20:00 часот, во Куќа Уранија – МАНУ, со предавањето на Д-р Трифче Сандев на тема: “Шест степени одвоеност: Мит или светот е навистина мал”.

Негово поле на интерес и истражување се природно-математичките науки, поконкретно физиката и математичката физика.

Досега има учествувано на повеќе конференции, семинари, обуки и школи, во земјава и надвор, каде презентирал дел од резултатите од неговата научна и стручна работа.

 Автор е на дваесеттина научни и стручни трудови, од кои повеќето се објавени во референтни меѓународни списанија со фактор на влијание. Се јавува како рецензент на повеќе научни трудови во три меѓународни списанија: „Journal of Physics A: Mathematical and Theoretical“, „Physica Scripta“ и „International Journal of Modern Physics B“.

Член е на Друштвото на македонското и на Европското друштво на физичари.

Добитник на признанието „Најдобар млад научник“ за 2011 година, доделено од Претседателот на државата, за објавени научни трудови во текот на 2011 година за физика, математика и применета математика во меѓународни списанија со фактор на влијание.

В.М.