29/03/2024
Охрид

Предавање „Пубертет – здрав раст и развој“ во ОУ „Григор Прличев“

Денес, 11.11.2019 година, учениците од шестите и деветите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ Охрид имаа можност да го проследат предавања кои беа организирани од страна на доктори од Центарот за јавно здравје.

Учениците од шестите одделенија го проследија предавањето на тема „Пубертет – здрав раст и развој“, тоа предавање го реализира д-р Даниела Чингоска, додека предавањето за деветтите одделенија на тема „Превенција од сексуално преносливи болести“ го реализира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Предавањата беа од едукативен карактер, предавачите имаа добра интеракција со учениците и одговараа на бројните прашања кои ги поставија учениците.