29/03/2024
Охрид

Предавање во ОУ „Григор Прличев“ по повод Светскиот ден за борба против сидата

По повод 1 Декември, Светскиот ден за борба против СИДА во училиштето „Григор Прличев“ беше реализирано предавање од страна на волонтери на Црвен Крст Охрид. Учениците од деветтите одделенија имаа можност да се запознаат со базични податоци за болеста и ХИВ –вирусот . Преку што се добива ХИВ вирусот? Преку што не може да се добие вирусот?…

Во рамките на глобалната кампања важно е да се спомене дека учениците се запознаа и со црвената лента –панделка , симболот на солидарноста која покажува дека лицето кое ја носи е свесно за проблемите врзани со ХИВ/СИДА –та, дека се солидаризира со борбата против оваа болет и дека им оддава почит на лицата кои и подлегнале на оваа болест и сеуште се борат за својот живот.