Предновогодишна средба на децата кои ја посетуваат Бреинобреин програмата

Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, традиционално, крајот на годината го обележува со предновогодишна средба на сите деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во овој центар. Тоа е можност децата од сите групи и нивоа на БОБ програмата, но и оние кои ја завршиле оваа програма, да се дружат и забавуваат, а воедно и да ги разменат своите искуства и впечатоци од настапите на државниот и меѓународните Бреинобреин натпревари во 2018 година. Сите деца си разменија меѓу себе новогодишни подароци, а подароци добија и од тренерите во БОБ-Црвен крст Охрид центарот.

Оваа средба беше повод да се промовира и петтата генерација на деца кои успешно ги завршија сите 10 нивоа од интернационална едукативна Бреинобреин програма и се стекнаа со меѓународно призната диплома.

Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, како прв франшизен центар на Балканот, започна да се имплементира во 2010 година и неа за 8 години ја следеле повеќе од 500 ученици на возраст од 4-14 години. Оваа програма преку проверени и признати едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика го поттикнува мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст и ја развива нивната концентрација, визуелизација, меморија, креативност, самодоверба…

Центарот БОБ-Црвен крст Охрид со уписи на нови деца кои ќе ја следат Бреинобреин програмата ќе започне во февруари 2019 година. Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат во просториите на Црвен крст Охрид или на телефонот 078 22 74 33.

This slideshow requires JavaScript.