23/04/2024
Охрид

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Спас Банџов“ и „Прилепска“

Поради два одделни дефекти на водоводната мрежа денес до 13:00 има прекин во водоснабдување на улиците „Спас Банџов“ и „Прилепска“.

Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектите.