Прекрасна изведба од театарската група на Црвен крст Битола на вториот ден од „Вдиши театар“

Прекрасна театарска изведба на легендарниот наслов „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“ од Коле Ангелоски имаа младите од театарската група на Црвен крст Битола. Тие на вториот ден од театарскиот фестивал „Вдиши театар“, на сцената во предворјето на Св.Софија, пред бројната публика на комичен и духовит начин ги прикажаа непријатностите на две фамилии на кои им ги замениле мртовците.

На третиот ден од театарскиот фестивал Вдиши театар ќе се претстави театарската група на Црвен крст Суботица, Србија со претставата „Радован III“ од Душан Ковачевиќ. Претставата ќе се прикажува вечерва со почеток во 20:30 ч. на сцената во предворјето на Св.Софија.

This slideshow requires JavaScript.