20/04/2024
Охрид

Прекршочна пријава за жител од Велгошти

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на прекршок што е во спротивност со одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе прекршочна пријава против Ј.К. (39) од охридското село Велгошти.

Пријавениот, прекршокот го сторил вчера во 10 часот и 30 минути на кружната крстосница на булеварот „Македонски просветители“ пред зградата „Печијаре“ во Охрид. Тој, на средината на кружната крстосница паркирал патничко возило џип без регистарски таблици, излегол од истото и со метална шипка фрлал према рекламните табли со испишани имиња на два маркети кои биле поставени на електричен столб. Откако го сторил тоа, сега пријавениот, со џипот го напуштил местото на настанот.

Во текот на вчерашниот ден, Ј.К. е повикан во полициската станица и со него извршен е разговор за околностите на сторениот прекршок и одземен е патничкиот автомобил. СВР Охрид презема дополнителни мерки за утврдување на можен прекршок согласно одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата како и по друг законски основ.