29/03/2024
Македонија

Премиера на „Вдовицата се мажи“ во Велешкиот театар

Вечерва во 20 часот, Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес премиерно ќе ја изведе комедијата „Вдовицата се мажи“, работена според „Мечка“ на А.П.Чехов во режија и адаптација на Младен Крстевски…

Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова како Попова, Васил Зафирчев како Смирноф и Младен Крстевски како Лука. Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова.

„Вдовицата се мажи“ е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов. „Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.

Првата реприза на претставата е закажана за во четврток, 14-ти декември во 20 часот.