18/04/2024
Спорт

Премиерот Заев на работна средба со спортски работници и спортски федерации

Денеска, Премиерот Зоран Заев заедно со директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски остварија работна средба со спортски работници и претставници на спортски федерации, здруженија и поддржувачи на развојот на спортот.

Тие заедно заклучија дека оваа плодна и суштествена дискусија е многу важна за стратешките основи за развојот на спортот во Република Македонија.

„Како Влада на Република Македонија, обезбедуваме неопходна поддршка за остварување квалитетни спортски можности и резултати во националниот систем на натревари, како и соодветни услови за спортистите кои учествуваат на меѓународни натпревари. Професионалните спортисти и спортските работници ќе го добијат заслуженото достоинствено место во општеството. Оваа наша преземена обврска ќе ја реализираме, заедно со Агенцијата за млади и спорт, со серија мерки за постојана и стабилна финансиска поддршка, како и за сеопафтна логистичка поддршка со соодветна спортска инфраструктура за развој на спортот. Системската поддршка на спортот од страна на државата е клучна за остварување високи спортски резултати и за достоинствен живот и услови за работа на сите спортисти и спортистки,“ – заклучија Заев и Каевски на средбата.