28/03/2024
Македонија

Премиерот Заев на средбата со амбасадорот на Руската Федерација Бездникин

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин.

Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите за унапредување на натамошната економска соработка меѓу двете земји.

На средбата е констатирано дека еден од инструментите за засилена динамика на трговската и економската соработка е интензивирањето на работата на Меѓувладината комисија за економска соработка.

Во врска со измамата со телефонски разговори од страна на двајцата руски граѓани, взаемно беше изразено жалење за случајот и потврда дека тоа нема да влијае врз билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.