29/03/2024
Македонија

Премиерот Заев на средба со менаџментот на компанијата „China Energy“

Премиерот Зоран Заев, заедно со владиниот економски тим, денеска во Будимпешта, оствари средба со потпретседателот на Бордот на директори на компанијата China Energy, Динг Јанжанг и други претставници на менаџментот на компанијата.

Од компанијата која има отворено свое претставништво во Скопје истакнаа дека се создадени услови за инвестициски циклус во секторите енергетика и транспорт. Компанијата ги следи активностите на новата влада и најави учество на 5 проекти во претстојниот период. Премиерот Заев ги охрабри да учествуваат во постапките кои следуваат во претстојниот период посебно за проекти од областа на инфраструктурата и енергетиката.

На средбата се разговараше и за новите владини економски политики за економски раст и привлекување на нови инвестиции за кои претставниците на кинеската компанија покажаа сериозен интерес. На самиот крај од состанокот беше констатирано дека постојат добри основи за плодна соработка во иднина.