25/04/2024
Македонија

Премиерот Заев упати честитки до новиот премиер на Шпанија Санчез

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, испрати писмо со честитки до Педро Санчез, новоизбраниот Претседател на Владата на Кралството Шпанија.

Во писмото со најискрени желби за успех во извршувањето на функцијата, премиерот Заев уште напиша:

„Би сакал да ја искористам оваа прилика и да го реафирмирам интересот и подготвеноста на Република Македонија за натамошно унапредување на односите помеѓу нашите две пријателски држави и за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, безбедна, обединета и просперитетна Европа.

Република Македонија особено ја цени досегашната шпанска поддршка за евро-атлантските интегративни процеси на Република Македонија, и во овој контекст, се надевам на Ваша зајакната поддршка за започнување на пристапните преговори со Европската Унија и стекнување полноправно членство во НАТО Aлијансата“, се истакнува во писмото на премиерот Заев до новиот премиер на Кралството Шпанија Педро Санчез.