29/03/2024
Охрид

Пренесени во болница жена нападната од кучиња и маж кој се обидел да и помогне

На петти јануари оваа година, околу 16 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, В.Т. (53) од Охрид била нападната од кучиња сопственост на В.Б.(38) од Охрид. Притоа, И.М.(50) од Охрид се обидел да и помогне, но и тој бил нападнат. Двете лица се здобиле со тешки телесни повреди и пренесени во Општата болница во Охрид.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против В.Б.(38) од Охрид – сопственик на кучињата, ќе поднесе соодветна пријава.