19/04/2024
Спорт

Преостануваат уште точно 100 дена до спортската манифестација „Ohrid running weekend“

Уште точно 100 дена преостануваат до најголемиот спортски викенд во Охрид, кој ќе биде исполнет со многу забава, дружење и трчање.

Спортската манифестација „Ohrid running weekend“ ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни, а се состои од Атлетската манифестација Охрид трчаТ, подигнувањето на стартните пакети и ноќната трка која ќе означи почеток на богатиот викенд со спортски активности во Охрид.

Најава на „Ohrid running weekend“ ќе бидат активностите на децата од школска и предшколска возраст. На 15 мај долж покрај Кејот Македонија ќе се одржи училишната трка, додека на 18 мај дечињата од предшколска возраст ќе го разубават и раздвижат градскиот плоштад.

Организаторите имаат новитети и изненадувања за учесниците на кои им останува само да се пријават и да се забавуваат, трчаат и уживаат во Охрид.

Пријавувањето за Охрид трчаТ е во тек и може да се направи на официјалната страна Ohridtrcat.mk.