Преподобен Јоаникиј Ракотински и Блажениот Михаил

Преподобен Јоаникиј Ракотински

Преподобен Јоаникиј се родил во Охрид, на 7 јануари 1847 година, а на крштението го добил името Јован. Монашки потстриг примил на 17 јануари 1873 година, во манастирот „Свети вмч. Пантелејмон“, Нерези, со името Јоаникиј. Година и половина по замонашувањето преминал во манастирот „Свети Илија“, село Бањани, а во 1874 година останал во братството на Марковиот манастир, за најпосле да се насели во селото Ракотинци и таму да го обнови манастирот „Свети Илија“. Како најобразован во тоа време, во 1896 година подигнал и основно училиште за деца. Живеел во исклучително тешко време, за време на турското владеење, Балканските и Првата светска војна, со тешки искушенија и притисоци, и сенародно страдание. Во 1913 година бил произведен во игумен, а во 1935 година во архимандрит. Се упокоил на 24 јануари 1940 година.

Блажениот Михаил

Јуродив заради Христа. Се правеше луд за да ја скрие од светот својата добродетел и за да не биде фален. Така си приготви себеси пофалба од Бога. Се упокои во 1453 година во Клопскиот манастир, близу Новгород, каде што му почиваат и моштите