20/04/2024
Охрид

Препораки за заштита од студени бранови

Општи препораки за заштита на здравјето на населението од студени бранови и студено време

Во зимскиот период:

  • Вакцинирајте се навремено против сезонски грип (ова особено важи за лица над 60 години и за хронично болни лица)!
  • Редовно земајте ја пропишаната терапија и консултирајте го Вашиот матичен лекар!
  • Пијте топли напитоци!
  • Јадете доволно, бидејќи тоа ја одржува температурата на телото!
  • Избегнувајте алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија!
  • Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, обратете се кај Вашиот матичен лекар!
  • Проверете го времето и временската прогноза и одберете соодветна облека!

Во случај на екстремно ниски температури:

  • Избегнувајте физичка активност на отворено!
  • Користете топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и за мраз!
  • Внимавајте на лизгави површини!
  • Размислете за набавка на основните лекарства и прехрамбени продукти порано, побарајте да ви ги достават или пак замолете пријател или сосед за помош!
  • Избегнувајте да излегувате надвор, освен ако не е неопходно!
  • Бидете активни и движете се во затворените простории колку што е можно повеќе!
  • Проверете го греењето во домот! Најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18 – 21OC).
  • Доколку сте во можност помогнете им на членовите на фамилијата, на соседите или на пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население (на постарите лица или на оние со белодробни заболувања). Доколку забележите лице во ризик од студено време (бездомник, деца на улица и сл) пријавете на бесплатниот телефон 15505!

Информации за ранливите групи на население:

  • Постарите лица имаат потреба од потопла облека, бидејќи тие создаваат помалку топлина за своите тела.
  • Бебињата се повеќе подложни на ладење, затоа треба да се проверува дали се загреани(дланките и стапалата треба да се топли).
  • Доколку имате срцева или белодробна здравствена состојба, избегнувајте тешки вежби на ладни температури и облекувајте се соодветно (заштитете ги вашите глава, дланки и стапала)!. Земајте ги вашите лекарства редовно; Доколку користите инхалатор, вдишете од истиот пред да излезете на ладно!
  • Доколку имате дијабетес, вашите дланки и стапала може полесно да се повредат или, при екстремни услови, да страдаат од смрзнатици, затоа внимавајте да останат загреани.
  • Доколку имате артритис и дојдете до заклучок дека ладното ги влошува Вашите симптоми, ќе си помогнете доколку ги загревате повредените зглобови и можеби ќе треба да ги приспособите Вашите лекарства!
  • Обрнете особено внимание на оние кои живеат сами!

Домување и греење при ладно време:

  • Доколку дојде до прекин на греењето, за време на екстремно ниски температури, внатрешната температура за кратко се намалува и за само неколку часа просторијата станува ладна. Доколку ладењето продолжи, ќе се достигне внатрешна температура од +10°C.
  • БПри внатрешна температура од +10°C здрав човек може да ја одржи својата телесна температура доколку се облече во топла облека. Со соодветна облека и ќебиња, на ваква температура здрав човек може да спие.
  • Доколку внатрешната температура падне под 10°C, на луѓето им е потребна енергија која ја создава мускулното ткиво со цел одржување на телесната температура.
  • За ранливите поединци беше препорачана внатрешна минимална температура од 20°C, додека температурите од 12°C се сметаа за ризик по здравјето за истите.
  • При температури под 16°C постои зголемен ризик од респираторни инфекции, додека при температури под 12°C постои зголемен ризик од голем напор врз кардиоваскуларниот систем (Колинс, 1986 г.).
  • По 2 или повеќе часа на помалку од 6°C, длабоката внатрешна температура опаѓа и постои ризик од хипотермија.

Препораки за претставниците од локалната самоуправа и за центрите за социјална работа:

  • Обезбедете прифатни центри за интервентно згрижување на лица под ризик од студено време и студени бранови!