Претседателката на Советот на Охрид Ангелоска оствари работни средби во Словенија и Хрватска

Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, во периодот од 19 до 24 ноември беше во посета на Република Хрватска и Република Словенија. Посетата се реализира како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, а делегацијата беше составена од претседатели на совети и советници од 13 општини.

Во рамки на посетата беа реализирани работни средби со претставници на локалната и централната власт во Загреб, Бјеловар, Сисак, Подчетртек, Марибор и Љубљана. Целта на работните средби беше јакнење на капацитетите на општинските совети за вршење на своите надлежности преку искуствата и работните методи на општинските совети во Хрватска и Словенија.

Претседателката на Советот, посетата во Хрватска и Словенија, ја искористи и за посета на Амбасадите на Република Македонија во Словенија и Хрватска.