20/04/2024
Македонија

Претседателот Иванов на проштална средба со Суомалаинен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во РМ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска на проштална средба ја прими г-ѓа Нина Суомалаинен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу ОБСЕ и Република Македонија, поддршката на напорите и реформите во повеќе области, а беа разменети мислења и за актуелните случувања во Република Македонија и регионот.

Македонскиот претседател, истакнувајќи ја важноста на поддршката што ОБСЕ ја дава за реформските напори во Република Македонија, изрази очекување за продолжување и продлабочување на плодната соработка и во иднина.

Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот Суомалаинен и посака успех во натамошната работа.