25/04/2024
Охрид

Претставата „Алиса во земјата на чудата“ во петок пред најмладите охриѓанчиња

Во петок (10.05.2019 година), во Центарот за култура во Охрид ќе биде изведена детската претстава „Алиса во земјата на чудата“ од англискиот писател Луис Карол. Претставата е во режија на Ѓорѓи Ризески. 

Истата ќе започне во 19 часот, а е наменета за најмладите. Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Павел Маслов и Ивица Цонев.

Цената на картата е 100 денари. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.