19/04/2024
Охрид

Претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски во четврток пред охриѓани

Во Центарот за култура во Охрид на 10.10.2019 година (четврток), во 20 часот ќе биде изведена претставата „Балканска 3а/2“ од Дејан Дуковски. Претставата е во режија на Ана Батева, сценографија/костими: Борис Георгиев, а музиката е на: Стефан Здравески. Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Елизабета Стефановска, Филип Кипровски, Никола Тодоровски.

„Балканска 3а/2“ е црна комедија во која недостатокот на човечност во човекот е нормална појава, а човековата отуѓеност од современиот свет е секојдневие;

„Балканска 3а/2“ е трилер кој има за цел да ни покаже антиопштествени форми на однесување, кои освен што го изветоперуваат социјалното функционирање на едно општество, го загрозуваат и неговото постоење;

„Балканска 3а/2“ е слика на апсурдот на нашето време, а оттаму и комичен приказ на денешното живеење.

Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, по цена од 200 денари. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066