28/03/2024
Охрид

Претставата „Писма од Земјата“ во четврток пред охриѓани

Во НУ Центар за култура во четврток (16.11.2017) на репертоарот на Народниот театар од Охрид, со почеток во 20:00 часот, љубителите на театарската уметност ќе може да ја гледаат повторно претставата „Писма од Земјата”, работена според раскази на Марк Твен, со Никола Тодороски.

Адаптацијата и режијата е на Никола Тодороски, костимот на Ромина Стефанова Рашиди, а музиката на Аманда Џејн. Претставата е камерна и заради малиот број на публика (35 места) билетите можат да се добијат само со резервација на телефонскиот број 075 283 066 (11.00 – 15.00 часот).Цена на билет  е 200 ден.