19/04/2024
Охрид

Претставата „Стаклена менажерија“ на 12ти април пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, во петок (12ти април), ќе се одигра театарската претстава „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс. Почеток на претставата е во 20 часот.

Во истата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Претставата е во режија на Софија Ристевска Петрушева, превод: Јасмина Петровска, сценограф: Михаел Димитровски, костимограф: Андреј Ѓеоргиевски, кореограф: Кире Миладиноски, фото и дизајн: Петар Тасевски.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066