28/03/2024
Охрид

Претставата „Стаклена Менажерија“ на 15ти март пред охриѓани

На 15ти март (петок) во Центарот за култура “Григор Прличев“ Охрид ќе се одигра претставата „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристеска Петрушева.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Претставата е со почеток во 20:00 часот.